Комбо на денот: Мартија Станојковиќ со црно - бела комбинација ќе ве инспирира што да облечете за новогодишната ноќ
Одлична идеја...
Мартија Станојковиќ е една од оние млади пејачки кои секогаш се скоцкани од глава до петици. За секоја прилика знае да ја облече совршената комбинација, а неодамна на својот Инстаграм профил сподели една, која многумина би можеле да ја искористат како идеја за тоа што да облечат за новогодишната ноќ.
Имено, Мартија на себе носи мини здолшните со карнери, бела шокула со интересна јака, и црно сако, кое е со должината достигнува скоро до здолништето. Комбинацијата ја дополни со минималистички накит, чевли на високи потпетици и бордо чанта со која ја разигра целата комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм