Комбо на денот: Мартија Станојковиќ во црно од глава до петици - изглед со кој ќе играте на сигурно
Уште една одлична модна комбинација во режија на Мартија...
Како и секогаш, така и овој пат, Мартија ги освои сите со изборот на модната комбинација. Боите ги остави за некоја следна прилика и ѝ остана доследна на црната боја.
Кожени панталони, ролка, црно кратко сако, како и црни чизми на високи потпетици. Целата комбинација ја разигра со минималистичко ланче, и мини чанта со светки.
фото: Принтскрин / Инстаграм