Комбо на денот: Откачена елеганција по вкусот на Хејли Бибер, која ќе им се допадне на младите девојки
Манекенката и сопруга на популарниот пејач Џастин Бибер, летово беше фотографирана во комбинација, која и сега би била апсолутен хит...
Хејли Бибер во таа прилика беше уловена во помалку необична модна комбинација.
Имено, носеше светлосив костим од познатата дизајнерка Магда Бутрим и тоа во стилот на 80-тите - рамената на предимензионираниот блејзер беа нагласени, а панталоните удобни. Хејли уште поинтересно го имаше искомбинирано истиот.
Имено, таа одбра кроп топ, кој го откри нејзиниот рамен стомак, а ова елегантно издание го заокружи со патики за трчање. Ретро призвукот го зголеми со минијатурна црна чанта и очила за сонце со помали стакла.
фото: Profimedia / Принтскрин / Инстаграм