Комбо на денот: Спортско елегантна комбинација за прошетка во Париз - Мартија освојува со минималистичкиот изглед
Со својот моден избор го освои градот на светлината...
Младата пејачка Мартија Станојковиќ овие денови ги поминува во Париз - градот на светлината и љубовта. Можеби не открива со кој заминала на ова патување, но затоа ни откри една од модните комбинации кои ги прошета во градот каде што модата е на првото место.
За една дневна прошетка, Мартија одбра костим во сива боја, кој го искомбинира со црна ролка, бели патики и црна чанта. Оваа спортско елегантна комбинација ја надополни со минималистичкиот накит, црните очила за сонце, но и минималната шминка.
Нема сомнеж дека со ова издание ги има освоено сите!
фото: Принтскрин / Инстаграм