„Компотот“ стана хит на социјалните мрежи: Како помина Антониа Гиговска на првото гостување кај Огњен Амиџиќ? (ВИДЕО)

„Компотот“ стана хит на социјалните мрежи: Како помина Антониа Гиговска на првото гостување кај Огњен Амиџиќ? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Антониа беше гостинка во емисијата на еден од најпознатите српски водители...

По три години, Антониа Гиговска повторно зачекори во просториите на српската телевизија „Пинк“. Овој пат не се појави на сцената на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, туку беше дел од емисијата на водителот Огњен Амиџиќ.

Заедно со Мирза Селимовиќ, Едита Арадиновиќ и Каја Остојиќ приредија вистинско шоу, а за тоа одлична потврда е и статистиката од гледаноста на телевизијата.

Антониа и оваа прилика ја искористи за да ги покаже своите вокални способности, а освен неколкуте самостојни изведба, младата пејачка запеа во дует со победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Мирза Селимовиќ.


Настрана сево ова, вистински хит на социјалните мрежи беше и нејзиниот „блам“. Имено, водителот ја замоли Антониа да преведе неколку зборови на македонски, а кога ја праша како се вика „слатко во тегла“, на нејзиниот одговор сите слатко се насмеаја. На ова пејачката одговори „компот“, по што веднаш потоа почнаа да се појавуваат мемиња на социјалните мрежи.


фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: