Контроверзниот млад богаташ со потсмев: Ако момче на 20 години нема Ламборџини, тогаш е губитник (ВИДЕО)
Младиот претприемач со своите изјави ја разбесни јавноста на социјалните мрежи...
Себастијан Гиоргиу е дигитален претприемач и сопственик на рекламна агенција.
Тој има и канал на Јутјуб со повеќе од 800.000 претлатници, каде што ги споделува своето искуство за богатството од 8 милиони долари, кое го заработил за само 6 години.
Иако има само 24 години, има постигнато значајни деловни успеси. Но, тој ги налути социјалните мрежи со учество во подкаст каде што изјави дека секој маж треба да поседува луксузен спортски автомобил на 20 години.
„Ако си фраер во 20-тите години и немаш Ламборџини треба да седнеш и сериозно да разговараш со себе зошто го немаш, бидејќи 200.000 долари не се мала работа“ - кажа овој млад богаташ, алудирајќи дека сите оние кои немаат нешто такво, се всушност губитници.
I think we need to halt podcasts until we figure out what is going on pic.twitter.com/4axAjSFMx0
— Read Jackson Rising by @CooperationJXN (@JoshuaPHilll) January 23, 2023
Себастијан верува дека секој може да го следи неговиот пример.
„Сега сфаќам дека е неверојатно лесно. 200.000 долари, во споредба со она што е надвор во оптек и што можете да го зграпчите, особено сега со алатките за вештачка интелигенција, кои можете да ги користите како никогаш досега, 200.000 се ситни пари“ - заклучи тој.
„Зошто не помислив на тоа, сè е толку едноставно“ - гласеше еден од морето иронични коментари.
Овој Американец со романско потекло, разбесни многумина кои удрија по него поради овие негови изјави, но и го ставија во сите оние финансиски гуруа од социјалните мрежи, чие образование и совет немаат врска со реалноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм