Косата на Џеј Ло во реалниот живот: И таа ја има популарната фризура (ФОТО)
Природната страна на Џеј Ло...
Кога неодамна Ким Кардашијан покажа како всушност ѝ изгледа природната коса, многумина малку се изненадија. Со оглед на тоа колку често се прават драстични промени, очекувано е дека ситуацијата нема да биде бајковита, а сега се дозна како изгледа вистинската коса на Џеј Ло.
Џенифер Лопез нема проблем со тоа повремено на своите следбеници да им ја покаже и другата страна од себе, онаа која не е толку гламурозна. Без проблем објавува селфиња без шминка и покажува колку добро ѝ изгледа лицето. Сега објави фотографија со потполно природната коса. На свечените настани косата секогаш ѝ е супер долга - некогаш рамна, некогаш во опавче, а некогаш брановидна.
Во реалноста ситуација ситуацијата не е таква. Пред да почнеш да ја споредуваш својата коса со косата на познатите дами, ова ќе те освести и ќе ти покаже уште еднаш дека не секогаш работите се такви како што ни изгледаат. И додека ти ја споредуваш својата коса со онаа на познатите, всушност ја споредуваш косата со екстензиите и периките. Џеј Ло всушност нема коса како на црвените килими. Многу ѝ е кратка. Ја носи популарната фризура „wolf cut“, а косата ѝ е до рамена.
И не, нема толку волумен како на фотографиите од свечените настани. Сето тоа е само за црвените килими, а не како што ѝ изгелда секој ден. Иако косата не ѝ е лоша и не е во толку уништена состојба како на Ким, сепак не е ни како на професионалните фотографии.
Намали ги очекувањата од својата коса и немој да бидеш лута бидејќи не ти изгледа како на познатите ѕвезди. Ниту на познатите не изгледа така косата во реалноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм