Косата почна да ми обелува на 9 години, а сега 90% од косата ми е бела: Девојка сега ја откри причината за предвременото стареење на косата

Косата почна да ми обелува на 9 години, а сега 90% од косата ми е бела: Девојка сега ја откри причината за предвременото стареење на косата

Објавена во: Мода // Moj стил

Зои Миола ја сподели својата приказна за тоа како е косата да ти обеле на 9-годишна возраст...

Очигледно е дека не можеме да го запреме стареењето бидејќи тоа е неизбежен процес кој носи толку многу промени. Првите знаци на стареење ги забележуваме на кожата, но верувале или не, на истото подлежи и косата.

Една од видливите промени што се јавуваат поради процесот на стареење е појавата на седа коса. Ова предизвикува бавно производство на меланин (тој и дава пигмент на косата) што може целосно да се прекине, што резултира со целосно побелена коса. Но, што се случува кога ќе забележите седа коса на рана возраст?

Зои Миола (25) од Конектикат во САД како дете доживеала појава на седа коса. Имено, на оваа девојка косата почнала да ѝ обелува кога имала само 9 години. Како што раскажува за „Daily Star“, до нејзината 21 година, седата коса и пораснала до рамениците и морала да ја отсече преостанатата темна коса.

Нејзиниот татко Ралф (52) првпат ја забележал нејзината седа коса кога имала девет години.

„Се сеќавам на тој момент. Татко ми најде седа коса и се откачи. Се чудеше што ми се случува“ – истакна таа.

Првото седо влакно на нејзиниот татко му се појавило на 12-годишна возраст, а на нејзината баба, Ени Хоган, на 14-годишна возраст.

„Татко ми секогаш ме потсетуваше колку е убава нашата седа коса. Првото бело влакно го добил рано, а целосно побеле во раните 20-ти“ - вели Зои.

Поради нејзината уникатност во тинејџерските денови, таа била многу несигурна и постојано ја убедувала мајка ѝ да ѝ ја фарба косата.

„Подоцна се запишав во уметничко училиште, па секоја боја на коса беше прифатена. Бев 50% седа кога бев на факултет. По шест месеци, моите шишки беа целосно седи. Кога имав 21 година, мојата седа коса порасна толку многу што морав да го отсечам обоениот дел. Не се навикнав веднаш на целосно седа коса. Сепак беше шок“ - објаснува таа и вели дека сега е 90% седа.

Тоа е генетска предиспозиција, бидејќи и на татко ѝ и на баба ѝ рано почнале да седат косите.

„Не ја мијам косата повеќе од еднаш неделно. Внимавам што ставам на неа. Не штедам на производи. Тоа е мојата најдобра карактеристика, па ќе се погрижам да биде во топ форма бидејќи инаку е сува“ - истакна таа.

Сега, таа го сака својот уникатен изглед и се шегува со момчето Мет Грифин дека тие се „оган и мраз“ бидејќи тој е џинџер.

„Сега не можам да бидам погорда со мојата коса. Не го прифаќав тоа отсекогаш и немав самодоверба во врска со тоа. Сега тоа е мојата карактеристика, која ме дефинира. Сега ја сакам. Многу луѓе мислат дека сум фарбана, но всушност тоа е мојата природна боја“ - рече Зои.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: