Кралот на светската мода со македонски корени: Ги облече најголемите ѕвезди на планетата
Тони Матичевски - дизајнер со македонско потекло кој во Австралија со семејството се преселил во седумдесетите години и е дел од стилските избори на многу светски познати дами
Откако го завршил образованието на престижиниот кралски институт во Мелбурн како еден од најдобрите студенти во генерацијата, тој добил понуда да работи во престижната модна куќа Дона Каран во Њујорк, но без размислување ја обил понудата.
Наместо тоа, тој се преселил во Париз каде две сезони работел за Черути, а неколку години подоцна се враќа во Мелбурн каде е решен да основа сопствен бренд кој ќе нуди малку поинаква мода за жени.
За многу кратко време тој станува познат по неговите парчиња со асиметрични кроеви во кои жените и денеска се вљубени, иако од самиот старт ќе создава невообичаени парчиња на кои публиката не е навикната.
На прашањето дали Македонија и воопшто модата на Балканот имаат некакво влијание врз неговата работа, тој ќе каже дека иако тоа е дел од неговите корени, сепак, за неговите колекции не црпи инспирација од етно традицијата од нашата земја или околината.
Во 2018 година, светски познатата актерка Пенелопе Круз, блесна на доделувањето на традиционалните награди „Бамби“ во Берлин, во креација на Тони Матичевски.
Станува збор за таканаречениот фламенко фустан, дизајн на Матичевски, кој е модел на црн фустан со едно рамо кој освен со светкавиот крој се истакнува по асиметричниот долен дел.
Во истата крација на Матичевски, во 2019 година, заблеска и актерката Ева Лонгорија, појавувајќи се на премиера во Мајами.
Меѓу светските ѕвезди кои носеле креации на Матичевски е и Џенифер Лопез. Таа на настанот „Жените во Холивуд“ се појави во црно асиметрично здолниште, розов сатенски топ преку кој имаше стилизирана машна во крем боја. Медиумите веднаш се запрашаа кој стои зад вакво необично издание. Креацијата на Џеј Ло е токму на македонскиот дизајнер Матичевски.
„Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен “, изјави дизајнерот во интервју за престижниот „Ел“.
И Бијонсе носеше фустан од нашиот дизајнер Матичевски.
Еве дел од неговите модели кои ги носеа најголемите ѕвезди на планетата:
Рита Ора
Елизабет Харли
Кристен Стјуарт
Ана Кендрик и Коби Смалдерс
Хајди Клум
Матичевски е дефинитивно еден од омилените модни дизајнери на Ева Лонгорија.
Кетрин Зета Џонс
Челзи Хандлер
Р. Х.