КУЛТНИОТ ФИЛМ „БРИЛИЈАНТИН“ ИМА 40 ГОДИНИ, а сѐ уште зрачи со неодолив „тин-дух“!

КУЛТНИОТ ФИЛМ „БРИЛИЈАНТИН“ ИМА 40 ГОДИНИ, а сѐ уште зрачи со неодолив „тин-дух“!

Објавена во: Stars // Филм

Поминаа 40 години откако Оливија Њутн Џон и Џон Траволта ги освоија срцата на луѓето ширум светот, а самиот мјузкл „Брилијантин“ (Grease) и понатаму е актуелен.

Режисерот Рендал Клајзер, летово кога и се славеше 40-от роденден на филмот, во интервју за Frans press изјави дека и понатаму не може да верува дека неговиот прв долгометражен филм стана холивудскa класикa.

„Мислевме дека филмот добро ќе помине кај тинејџерите едно до две лета, но не можевме да замислиме дека 40 години подоцна ќе остане интересен за цел свет и тоа кај публиката од сите возрасти“, рече Клајзер.

Филмот е адаптација од истоимениот мјузикал на Ворен Кејси и Џим Џејкобс од 1971 година за двајцата заљубени средношколци од 50-тите години. Снимен е во Лос Анџелес за два месеци и чинеше шест милиони долари.

Како и многуте филмови што влегоа во аналите на светската кинематографија така и „Брилијантин“ на почетокот доби бројни негативни и позитивни критики.

Филмот заработи околу 400 милиони долари само од продажбата на филмските карти и е еден од филмските мјузикли со најголема заработка.

Клајзер во тоа време за главни улоги одбра веќе познати глумци, Траволта во тој период веќе го снимал „Грозница во сабота навечер”. Режисерот се сеќава дека и тој и Траволта ја сакале Оливија Њутн Џон за главна женска улога. Таа во прв момент се предомислувала бидејќи е постара од Трволта 5 години и мислела дека е премногу стара да глуми негова девојка во филмот. По првото пробно снимање го сменила мислењето и ја прифатила улогата.

„Брилијантин“ премиерно е прикажан летото 1978 година и е номиниран за Оскар за најдобри оргинални песни.

Клајзер по овој филм сними уште неколку филови, но ни еден не беше со ваков успех и ја напушти филмската индустрија во 90- тите години.

Според неговите зборови „Брилијантин“ остана долговечен бидејќи се занимава со вечна тема како што е средношколската љубов и тинејџерското безгрижно доба: „Брилијантин“ е далеку од совршен филм, но таа несовршеност му дава шарм.

Траволта по улогата на Дени стана светска ѕвезда. Глумеше во многу филмови како во Pulp Fiction на Квентин Тарантино. Оливија Њутн Џон ја продолжи музичата кариера со Physical, а се појави и во филмот Xanadu 1980 година.

Во 1982 година снимен е  и филмот „Брилијантин  2“ како продолжение на првиот дел со Мишел Фајфер и Максвел Колфилд во главните улоги, но овој филм имаше многу помалку успех.




Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: