Купила јакна во Second Hand продавница, а потоа во неа нашла богатство: Ова не се случува често

Купила јакна во Second Hand продавница, а потоа во неа нашла богатство: Ова не се случува често

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Сакала само јакна, а добила тажна љубовна приказна.

Кога купувате облека од втора рака, знаете дека таа облека му припаѓала на некого претходно. Може да најдете дури и парчиња кои никогаш не се носеле и се сосема нови, но и парчиња како јакната што оваа девојка случајно ја купила.

Можете да најдете секакви работи од втора рака, а приказната на оваа девојка е само дополнителен доказ за тоа. И се случила ситуација која не се случува често и морала да ја сподели на социјалните мрежи. Луѓето се возбудија поради оваа приказна, а ќе се возбидите и вие исто така. Кога еден ден била во продавница за облека од втора рака, нашла прекрасна кожна јакна и не ја погледнала многу, туку само ја зела.



Ако купувате облека од втора рака, тогаш го знаете чувството кога ќе го најдете совршеното парче кое совршено ви стои и е токму она што го баравте. Тоа и се случило со оваа јакна. Дури кога се вратила дома, сфатила дека тоа не е само обична јакна. Во јакната пронашла богатство - кое не е вредно, но на јакната и дава сентиментална вредност. Во него имало тетратка во која била напишана тажна љубовна приказна.

Овој пар немал среќен крај, а иако не дознала што точно се случило на крајот и која е причината за раскинувањето на оваа љубов, приказната ја растажила и неа и многу други. До средината на видеото сите веќе заборавија на јакната и беа фокусирани само на приказната. Пред да помислите дека ова е доказ дека од втора рака се продава облека што не се пере, имајте на ум дека ова е кожна јакна која перењето може само да ја уништи.

Како завршила на закачалката на продавницата, а никој да не го забележи целото богатство скриено во неа? Изгледа малку сомнително, но со количината на облека што минува низ рацете на луѓето кои работат таму, можеби навистина случајно ја превиделе содржината на јакната - или намерно ја оставиле во џебовите.


Foto: TikTok - thinklessaboutmen/Screenshot


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: