Лејди Гага за Оскарите облече фустан каков што носеше Џиџи Хадид: На која позната дама подобро ѝ стои?

Лејди Гага за Оскарите облече фустан каков што носеше Џиџи Хадид: На која позната дама подобро ѝ стои?

Објавена во: Мода // Moj стил

Ние не можеме да се одлучиме... Што мислите вие?

Лејди Гага присуствуваше на 95-тото доделување на Оскарите во фустан од модната куќа Версаче.

Горниот дел од фустанот е проѕирен и припиен за телото, додека долниот дел, односно здолништето е пресечен прилично ниско до колковите, од каде што се шири во форма на ѕвонче. Гага носеше дијамантски ѓердан околу вратот. Косата ѝ беше фатена во пунџа, а шминката ѝ беше посебно впечатлива - се одлучи за комбинација од smokey eyes и црвен кармин.

Со овој изглед во кој пејачката се појави на најследниот филмски настан, ги воодушеви сите.

Но, на оние ги следат настаните и трендовите од модните писти, веднаш им беше јасно од каде е овој фустан.

Имено, пред само неколку дена, поточно на 9 март, модната куќа Версаче ја претстави својата колекција за есен/зима 2023 година во Лос Анџелес.

Една од манекенките која беше дел од таа ревија беше Џиџи Хадид. Па веќе погодувате, Џиџи на модната писта се прошета токму во фустанот кој Лејди Гага го носеше вчера на доделувањето на Оскарите.

@whowhatwear gigi and gaga wearing the same dress is iconic   (video: @leggertsen, photos: getty images) #ladygaga #gigihadid #oscars original sound - whowhatwear

Додека многумина штотуку имаат нарачано и мораат да чекаат за да купат нешто од новата колекција на Версаче, Лејди Гага како холивудска ѕвезда од А-листата не мораше долго да чека за да го купи она што очигледно ѝ се допаднало.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: