Лили Колинс откри што мисли за шишките на Емили: Откри и дали ќе ја промени формата на веѓите сега кога се во мода тенки
Ги следи ли трендовите или само го негува својот стил?
Актерката Лили Колинс која ја засакавме од серијата „Emily in Paris“, во интервју за магазинот „Glamour“ откри што мисли за шишките кои морала да ги скрати за потребите на снимањето на серијата.
Иако многумина ги мразат, изгледа дека Лили своите шишки едноставно ги обожава, бидејќи секоја фризура ја прават посебна, особено коњското опавче или пунџата.
„Шишките поинаку го обликуваат лицето. Има некоја дрскост во нив“ - кажа Лили, додавајќи дека ќе ги задржи, бидејќи може да ги носи на многу различни начини.
Бидејќи тенките веѓи повторно се враќаат во мода, новинарите ја прашаа Лили што ќе направи сега, бидејќи нејзин заштитен занк со години се убавите густи и темни веѓи.
„Навистина не сум љубител на тенките веѓи кои се вратија“ - кажа Лили, а потоа призна:
„Кога бев млада, се обидував да го следам трендот на тенки веѓи, па самата се чупав и изгледав смешно. Тенките веѓи никогаш не ми го обликуваа лицето правилно и не се чувствував како јас, но тоа беше само затоа што сакав да ги следам трендовите“.
Во интервјуто сподели и еден од најдобрите совети за убавина, кој го добила од својата мајка и до кој се држи.
„Необичните работите кои ви изгледаат поинакви се всушност оние кои ве прават убави“ - е советот кој мајката на Лили Колинс ѝ го дала на својата ќерка, а со кој сите би се сложиле.
Не секогаш е потребно слепо да се следат трендовите и да се менуваме според нив, бидејќи и она необичното на нас, не прави посебни.
фото: Принтскрин / Инстаграм