Лина Пејовска, Антониа Гиговска или Мартија Станојковиќ: Која тин ѕвезда ја има најлајкуваната објава на Инстаграм за 2022 година?
Што мислите вие - која се најде на првото место?
Веќе ја почнавме новата година. Некои од нас започнаа со остварување на зацртаните цели, други сѐ уште се опоравуваат од прославата за дочекот, трети пак уживаат во празничното расположение, додека некои ги сумираат впечатоците од годината која измина.
Во последната група се збројуваме ние, па затоа решивме да направиме едно Инста сумирање, поточно да провериме која тин ѕвезда ја има најлајкуваната фотографија на Инстаграм за 2022 година. Ги земавме младите пејачки Лина Пејовска, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ - девојките кои навистина оваа година работеа напорно.
Најлајкувана објава на профилот на Мартија има 10.865 лајкови, што ја стави на третото место на нашата листа. Станува збор за објава од неколку фотографии, на кои носи долг секси свечен фустан, кој ѝ го открива грбот. Црвениот фустан го имаше искомбинирано со мини сребрена чанта, високи потпетици, коса врзана во опавче, и лесна шминка.
Антониа ја има вицешампионската позиција со видеата од Белград, поточно од видеото на кое со уличните музичари пее македонски народни песни среде најпознатата улица во српската престолнина - Кнез Михајлова. 12.538 лајкови имаат видеата на кои секој Македонец е горд.
Најлајкуваните фотографии ги има Лина. Двете селфиња во огледало собраа 16.006 лајкови, поради кои се најде на шампионската позиција. Дали истите се поради храброста што ја износи итересната модна комбинација, составена од сина маица и бело впечатливо здолниште или пак е нешто друго во прашање - одговорот го знаат само нејзините следбеници.
Р.Х.