Љубовната приказна на Луна и Марко: Што ќе им раскажуваат на своите деца?

Љубовната приказна на Луна и Марко: Што ќе им раскажуваат на своите деца?

Објавена во: Живот // Живот

Луна Џогани и Марко Миљковиќ се засакаа во „Задруга 2“, врската ја прекинаа по завршувањето на реалното шоу, но љубовните искри повторно се разгореа во „Задруга 3“. По нивното смирување пред камерите и турбулентната врска во надворешниот свет, следуваше веридба, а набрзо и веста дека ќе станат родители.

Нивната љубовна приказна најдобро би ја опишале со стиховите на песната на Зорица Брунцлиќ, „Бранили ми да га виџам, бранили ми моји сви. Бранили су, ал узалуд, ми смо победили“. Луна и Марко романсата ја започнаа во реалното шоу „Задруга 2“. Иако многумина мислеа дека Џогани го нема преболено Слоба Радановиќ, таа тогаш порача дека вистината е поинаква.

„Среќна сум, по долго време чувствувам дека на некој му дадов шанса“ - изјави Луна по првиот бакнеж, а Марко кажа дека шест месеци флертувал со неа и чекал да дојде вистинскиот момент за да ѝ ги покаже своите чувства.

Турбулентната врска се одвиваше пред камерите, а кога го напуштија реалното шоу, следуваа уште поголеми проблеми. Во декември минатата година се шпекулираше дека на нивната романса дојде крај, а тоа што тој ја отследи од Инстаграм само ги подгреа сомнежите.

Набрзо следуваше потврдата на Марко дека решиле да продолжат по својот пат.

„Се разделивме како секој нормален свет. Љубовта постои, постоеше и ќе постои, тоа е тоа. И понатаму имам чувства, тоа е нормално. Чувствата не може туку така да исчезнат. Не постои шанса да се смириме, од оваа ситуација тоа едноставно не го гледам. Ми беше криво што воопшто не се обидовме во надворешниот свет, но не успеавме и најнормално беше да се разделиме. Нема тука повеќе што да се прави“ - рече тој во својата исповед за „Блиц“ и додаде:

„Луна и јас не сме добра спојка. Ја создадовме таа љубов во вештачки услови во реалното шоу, а изгледа дека во природни услови сепак не можеме. Видов дека не е тоа тоа, но сакав да дадам сѐ од себе, и таа исто. Се обидовме, но не оди!“

Марко својата љубов кон Луна, тогаш ја спореди со мобилните телефони:

„Како кога имате два различни оперативни системи, а сакате да симнете апликација која не работи на вашиот. Ние не сме компитабилни и не може да се инсталира погрешен оперативен систем. Сакам сето ова да го објаснам просто за да ме разберете. Тоа е сржта. Ние двајца не сме спојка, имаме потполно различни гледишта на светот, не се најдовме и тоа е тоа, и токму поради тоа беше логично да се разделиме.“

Од друга страна и Луна во тој момент сметаше дека на љубовта и дојде крајот.

„Буквално одеднаш се случи за два дена. На него му напишаа „Луна беше со тој“, мене исто така... Штом се разделивме - се разделија и тие. Една група ме навредува мене, друга го навредува него. Многу пати беше крај, многу пати зборувавме дека повеќе нема да има ништо, па се смирувавме и секогаш длабоко во себе чувствував дека подолго ќе бидеме заедно, а овој пат не чувствувам ништо. Не раскинавме поради недостаток на пари ниту поради недостаток на љубов, во нашата врска парите никогаш не беа проблем. Премногу се повредувавме еден со друг, за да можеше сѐ да биде како порано... Денес беше официјално, се видовме, си ги собравме работите еден од друг и се разделивме. Во мир“ - искрена беше Луна во емисијата „Прејера - викенд специјал“.

Сепак, нивните тврдења не траеја долго. Само 24 часа откако се вселија во „Задруга 3“ и се видоа, Луна не издржа и му се фрли во прегратка и реши на љубовта да и даде уште една шанса.

„Постои ли некоја личност во твојот живот со која се чувствувам приближно како со мене?“ - ја праша Марко Луна, а набрзо следуваа и бакнежи.

„Испаднавме ријалити играчи, се смиривме кога малиот Матеја не испрати во изолација“ - прокоментира Марко.

Вистинското лудило следуваше во моментот кога Анабела Атијас реши да влезе во „Задруга 3“, отворено порачувајќи дека не ја поддржува оваа љубов и изнесувајќи бројни тврдења за Гаги Џогани, кој исто така беше во реалното шоу. Страстите не се смирија од моментот кога таа влезе во Шимановци, следуваа жестоки кавги со Гаги и Марко, а на Луна два пати и се сложи додека го гледаше сето тоа.

Покрај бројните несогласувања помеѓу љубовниците и кавгите кои се одвиваа помеѓу мајката и ќерката, љубовта сепак опстана, па по завршувањето на „Задруга 3“, Луна и Марко почнаа да живеат заедно во нејзиниот стан.

Следуваше изненадувањето кое Марко долго го подготвуваше - запросувањето. Марко својот план го имаше склопено во тајност.

„Прстенот го бирав скоро еден час. Мислам дека бев еден од најтешките и најкомплицираните потрошувачи досега. Се одлучив за прстенот со син сафир, кој ме потсетува на очите на Луна“ - кажа Миљковиќ.

Набрзо по веридбата следуваа и големите вести кои Луна и Марко ги споделија на својот Јутјуб канал - дека ќе станат родители. Трудницата за „Блиц“ откри дека тешко ги поднесува секојдневните мачнини.

„Исцрпена сум и имам големи мачнини. Ретко можам да станам од кревет. Читам многу книги, се информирам колку што можам“ - зборуваше Луна и додаде дека идниот татко ѝ е голема поддршка. Се зборуваше и за преселба, а Луна тоа не го сокри:

„Планираме да најдеме поголем дом за нас и децата, но не брзаме. Ќе биде и тоа, ќе даде Бог. Јас секогаш имав голема желба да имам голема куќа, маж и деца, кучиња. Сакам три деца, додека Марко бараше четири - пет. Тој се шегува дека ќе родам девет“ - гордо зборуваше таа.

Иако свадбата е планирана за на пролет, пандемијата ги стави на чекање нивните планови, а сега стигна и веста дека ќе станат родителите. Додека многу јавни личности очекуваат покани, другите повеќе ги интересира кога ќе се смират бабата и зетот. Луна неодамна каќа дека уште не се смириле, но дека доаѓањето на бебето ќе го среди тоа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: