„Луѓе, ова е одвратно! Некои немаат леб да јадат“: Бела Хадид со изјавата „за тешкото детство“ ги изреволтира луѓето
Топ моделот Бела Хадид, ги остави без зборови модните критичари на овогодинешниот филмски фестивал во Кан кога се појави во уникатен фустан со дизајнирани „златни бели дробови“, кои ги носеше околу вратот како огрлица. Ова не е прв ниту последен пат Хадид да предизвикува реакции на црвениот тепих, но кога нејзината модна комбинација ќе се тргне настрана, една нејзина изјава наиде на многу бурни реакции.
Бела Хадид гостуваше во емисија на Јутјуб што еднаш месечно ја објавува магазинот „Вог“. Во популарната видео серија се појавуваат познати жени и ги коментираат модните парчиња кои ги носеле на големи настани.
Манекенката се наврати на црвениот фустан што го носеше во Кан во 2016 година со длабок отвор. Таа истакна дека се срами од тој фустан, бидејќи како што објасни - тоа не е нешто што би го избрала.
Дел од интервјуто кое многумина го пропуштија во август пред два дена стана интернет сензација.
Имено, Бела, сеќавајќи се на моделите на фустани од познати дизајнери, со тага изјави: „Додека растев, никогаш не добивав ништо дизајнирано. Мајка ми првите чевли на Кристијан Лабутин ми ги купи дури по завршувањето на средното училиште. Затоа оваа фотографија ми буди емоции. Овде сум среќна и благословена и секогаш се сеќавам на она што го немав како дете. Среќна сум што можев психички да излезам од таа состојба во која бев со години. Преживеав".
Рецензијата на Бела за „тешкото детство“ поради дефицитот на дизајнирани скапи чевли што влијаеле на нејзиното ментално здравје, ако ништо друго, резултираше со урнебесни цинични и саркастични коментари.
„Не можам да престанам да плачам. Сочувствувам со нејзината болка", „Тешко ми е да ја гледам нејзината тага. Каква трагедија", „Таа преживеа и излезе посилна. Таа е силна жена", „Премногу тешко детство - како успеа да го преживее сето тоа", „Оваа жена не живее во реалноста", „Кутра. Сака да ни каже дека и таа не е привилегирана. Солзите сами ми паѓаат", „Правда за Бела", „Најлошо од сè, е тоа што таа навистина мисли дека тоа било тешко детство", „Слушнавте луѓе - еден пар чевли лекуваат психички проблеми", „Луѓето немаат леб да јадат, но мило ми е што дизајнираните чевли ја направија среќна", „Луѓе, ова веќе не е смешно, ова е одрватно“ - се само дел од 100.000 коментари на социјалните мрежи.
Фото: Профимедиа/Инстаграм