Луѓето со овие 10 имиња имаат најголеми шанси да станат популарни инфуенсери на Инстаграм
Дали твоето е помеѓу нив?
Новата професија, од која некои имаат корист, а на други им пречи сепак денес е многу популарна. Да се биде инфлуенсер е желба на многумина, но не успева секој. Името, исто така, наводно може да придонесе за успех, бидејќи некои се повеќе инфлуенсерски.
Што и да мислиме за инфлуенсерите, некои од нив многу добро ги искористија социјалните мредиуми за да успеат во животот и да се прошират во разни области и да лансираат свои брендови. Да се фотографираш за Инстаграм не е доволно и затоа многумина не успеваат да остават трага, но оние кои вложуваат повеќе, ги користат Инстаграм и другите социјални мрежи за деловен успех. Едно истражување открива дека името може да има влијание врз шансите да се стане инфлуенсер. Од OnlineGambling.ca истражија повеќе профили на Инстаграм и дојдоа до листа од 10 имиња чии сопственици имаат најмногу следбеници. Од тие 10, 5 се машки и 5 женски имиња. Се разбира, сите имиња се странски, но некои од нив во слична верзија може да се најдат и на нашите простори.
Топ 5 женски имиња чии сопствени имаат најмногу шанси да станат инфлуенсери се:
# Hannah (Хана)
# Chloe
# Sophie
# Sarah (Сара)
# Rebecca (Ребека)
А, топ 5 машки имиња чии сопственици имаат најголеми шанси да станат инфлуенсери се:
# Eric (Ерик)
# Wayne
# Jack
# Jamie
# James