Луксузен роденден за ќерката на Агнеса: Змии, гуштери и други несекојдневни „гости“ беа дел од забавата
Агнеса Органџиева важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде има повеќе од 50.000 следбеници. На професионален план таа е дипломиран правник, додека на приватен е мајка на две ќерки - Вивиен и Тифани.
Изминатиот викенд таа имаше голем повод за славање - помалата ќерка Тифани, го прослави својот 10-ти роденден. Фотографиите и видеата од роденденската забава ги сподели на својот Инстаграм профил, каде откри како изгледала прославата.
За роденденот на својата наследничка, покрај игротеката во која Тифани го прославила роденденот, Агнеса организирала и прекрасна слатка маса, која била украсена со балони, табла со името на славеничката, како и спектакуларна роденденска тората. За анимирањето на пристуните дечиња бил задолжен Војо Иванов, кој ги анимирал со своите несекојдневни домашни миленици.
Како изгледала целата прослава, погледнете на фотографиите и видеото во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм