Мачките задржете ги дома, кучињата носете ги на кратки прошетки: Совети за дезинфекција на влакната и шепите

Мачките задржете ги дома, кучињата носете ги на кратки прошетки: Совети за дезинфекција на влакната и шепите

Објавена во: Совети // Семејство

Кучињата и мачките никако не треба да се мијат со асепсол или со средство за дезинфекција, туку треба да се наводенуваат влакната...

Додека сите се советуваат за време на пандемијата да го ограничат движењето на минимум, особено се загрижени сопствениците на домашни миленичиња.

Мачките слободно шетаат надвор од куќата, но некако е можно да се затворат. Кучињата пак, не може да функционираат без редовна прошетка.

За тоа како да ги дезинфецирате домашните миленици и за што треба да се води сметка во време на пандемијата коронавирус за Радио Београд 1 зборуваше Сања Радосављевиќ, волонтерка во здружението за спасување животни Animal Rescue Serbia.

„На мачките, треба да им се ограничи излезот, а што се однесува до прошетките на кучињата, совет е истите да бидат што пократки“ - зборуваше таа.

За кучињата постои и посебно практично решение - чевличиња. Доколку ги немате, можеби можете да ги изработите и сами.

„Би било добро да се користите чевлички за шетање на кучиња, доколку ги имате. Ставете им ги на шепите и по прошетката, пред станот и куќата, а истите попрскајте ги со алкохол“ -истакна таа.

И шепите би требало да ги избришете со алкохол, а што се однесува на самите влакна, потребно е само со пумпица да го попрскате влакнестиот дел.

„Никако не ги капете домашните миленици со асепсол или било какво средство за дезинфекција“ - додаде Сања.

На кучињата никако не им дозволувајте да душкаат, бидејќи таму може да се најдат остатоци од човекова плунка.

„По секој контакт со вашите домашни миленици би требало да ги измиете рацете. Бакнувањето, мазењето со вашето милениче и спиењето во кревет е нешто што не се препорачува, затоа избегнувајте го“ - кажа Радосављевиќ.

Исто така таа истакна дека се уште нема домази дали кучињата и мачките може да се заразат со коронавирусот.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: