Магнет за кампањи: 5 симпатични модни комбинации на Мили Боби Браун

Магнет за кампањи: 5 симпатични модни комбинации на Мили Боби Браун

Објавена во: Мода // Moj стил

Британската актерка која во последните неколку сезони порасна, глумејќи во серијата „Stranger things“, изгради симпатичен, препознатлив и лежерен стил...

Неодамна 16 - годишната Мили Боби Браун стана заштитно лице на познатиот бренд за накит „Пандора“, со што нејзината стилска приказна продолжи. Вообичаено носи лежерни работи, бои и удобни форми, а од обувки - изборот секогаш паѓа на патики.

Мили овие денови ги поминува во комотни панталони, кратки топчиња и бели, класични патики.

Кога не носи бели патики, тогаш бира старки, во комбинација со големи здолништа од тул. Неодамна ја претстави и соработката со „Converse“.

Сака ретро моменти, како мачкини очила за сонце и емотикони на маичките со пастелен тон.

Пастелните тонови ги бира и завечерните модни комбинации, фаворите и се нежно розевата и бојата на лаванда.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: