Мајчиното срце не издржа: Водителката се пофали колку е вредна нејзината наследничка!
Популарната водителка Милена Антовска, со својата ќеркичка замина во Маврово, а оттаму објави интересни видеа. Главната улога секако ја имаше малата Лана Марија, која со метла во рака „чистеше“ наоколу. Гордата мама Милена, на едно од видеата дури напиша и „домаќинка“. Уште неколку години и младата мајка нема потреба да се грижи, бидејќи ќе има сигурно помош од својата наследничка.