Мајка бара од својата 14 годишна ќерка да оди на пластични операcии, зошто „грдите луѓе не успеваат во животот“

Мајка бара од својата 14 годишна ќерка да оди на пластични операcии, зошто „грдите луѓе не успеваат во животот“

Објавена во: Совети // Семејство

Титулата „мајка на годината“ дефинитивно нема да и припадне на оваа мајка. Таа сака нејзината 14 - годишна ќерка наскоро да оди на пластични операции, бидејќи изгледот е поважен од образованието.

Изјави дека нејзината ќерка не е доволно паметна за да може да потпре на своето знаење во животот, па затоа треба да изгледа поубаво за да успее, а иако само 14 години, верува дека треба да започне да работи на својот изглед.

Спротивно од големиот бројродители кои своите деца секогаш со сила ги тераат да учат и имаат што е можно подобри оценки на училиште за еден ден да може да успеат, оваа мајка има малку поинаква визија за иднината на својата ќерка. Не верува дека иднината е во образованието и не и е грижа за оценките, училиштето, факултетот, туку наместо тоа ја поттикнува својата ќерка да стане инфлуенсерка.

Изјавата на оваа мајка не можеше, а да не стане вирална. Карла Белучи, 37 - годишната мајка од Велика Британија, на тамошната јавност и позната поради скандалот кој го направи. Лажела дека има депресија за да освои бесплатна пластична операција на носот. Сега се занимава со моделинг и на својот Инстаграм профил објавува атрактивни фотографии за своите 63.000 следбеници.

Во изјавата за британското списание Closer изјавила дека сака нејзината 14 - годишна ќерка Таниша да оди на пластични операции за да успее далеку во животот, бидејќи како што вели „грдите луѓе не може никаде да стигнат во животот“. Не и е грижа за нејзинито образование, бидејќи тврди дека се во животот треба да потпира на својот изглед па затоа треба да изледа што е можно подобро. Кога ќе наполни 16 години прво ја очекуваат филери во устата. „Доколку сака да биде успешен инфлуенсер и ријалити ѕвезда, тогаш ќе мора и да изгледа онака како во тој момент е актуелно - операцијата е очигледен избор. Изгледа добро, но пластичните операции ќе ја направат уште поубава“ - е само една од изјавите на мајката која предизвика гадење кај луѓето.

Секој месец издвојува околу 100 фунти, за Таниша да има за операција кога ќе наполни 18 години. И тоа не се сите пари кои ги вложува во нејзиниот изглед, туку сега секој месец издвојува додатни 200 фунти за вештачки нокти на Таниша, потоа за исполнување и исцртување на веѓите и имплати за косата.


Извор: teen385.com

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: