Мајка на ќерката не постара од 2 години ѝ облекла високи потпетици: Корисниците на ТикТок ја осудуваат (ВИДЕО)
Иако можеби ѝ било забавно, другите го осудија ова...
Високите потпетици за девојчиња на возраст од четири-пет години, отсекогаш постоеле и мајките воглавно им ги купувале на своите ќерки за посебни настани, на кои би ги носеле краток временски период.
Меѓутоа, пред неколку години, на пазарот се појавија и високи потпетици за 6-месечни бебиња.
Иако компанијата која ги произведува сметала дека овие чевли се забавни, весели и гламурозни, тие сепак предизвикаа гнев помеѓу мајките ширум светот, кои се огласија на социјалните мрежи и жестоко ги осудија високите потпетици за бебиња.
Но, дека сепак постојат мајки кои ги поддржуваат овие обувки, докажува видеото на една мајка во кое ја снимала својата ќеркичка, која судејќи по сѐ не е постара од 2 години.
@pearlmcd4 #fyp #louboutins #walkamile original sound - X
Иако за неа ова претставувало забава, корисниците на ТикТок жестоко ја осудија.
„Сирото бебе. Со што си играат луѓето! Сега видов сѐ“, „Супер начин за бебето да си ги скрши нозете. Браво мајко, само напред“ - се само дел од коментарите.
Мајката потоа им одговори пишувајќи дека сето тоа била шега, но негативните коментари никако не престануваа, па таа реши да го избрише својот профил на ТикТок. Нејзиното видео повторно се појави на социјалните мрежи, бидејќи луѓето се потрудија за сите да го видат овој немајчински потег.
фото: Принтскрин / ТикТок