Мајка потрошила дури 11.000 евра за облека на својата ќерка: Таа никогаш не носи иста модна комбинација (ВИДЕО)
Лиана тврди дека никогаш не би ѝ дозволила на својата ќерка да излезе од дома во несовршена облека и секоја вечер поминува по половина час одлучувајќи што ќе ѝ облече на Мајла следниот ден.
Лиана Олгун (19) призна дека потрошила околу 10.000 фунти (11.300 евра) на раскошна облека за своето бебе и вели дека нејзината ќерка никогаш не носи иста комбинација. Имено, оваа мајка од Велика Британија редоволно ја комбинира својата облека со онаа на својата 18-месечна ќерка Мајла Роуз.
Тврди дека се гордее со елегантните комплетчиња на својата ќерка и вели дека никогаш не би дозволила нејзината ќерка да носи невкусна облека. Исто така, додаде дкеа никогаш не би ѝ дозволила на својата ќерка да излезе од дома во несовршена облека и дека секоја вечер да поминува по половина час одлучувајќи се што ќе носи Мајла следниот ден.
Мајката опседната со модата исто така признава дека мрази облека со тематика од цртани филмови, особено со Пепа Прасе, во која никогаш не би ја облекла својата ќерка.
@lianaolgunxxx #pink #grwm #baby #momsoftiktok #fyp original sound - ckmhd
„Отсекогаш сум сакала да бидам млада мајка за својата ќерка да можам да ја облекувам во слатки комбинации и за да можеме да бидеме модно усогласени. Еден ден откако дознав дека сум бремена со девојче, почнав да купувам облека за да го наполнам нејзиниот плакар. Секогаш се трудам кога излегувам од дома да носам убава облека, па истото го сакам и за својата ќерка. Купувам и однапред планирам за претстојната сезона. веќе ги имам сите нејзини комбинации за ова лето, а дури почнав да купувам зимска облека за следната година“ - зборува младата мајка.
@lianaolgunxxx Sure Thing (sped up) - Miguel
„Не би сакала Мајла да излезе од дома во облека која не е добро искомбинирана. Најдраго ми е кога ја облекувам во неутрални бои, високи чорапи со панделки, кога има лента на главата и слатки панталони. Некои од работите кои не ги поднесувам и не би дозволила Мајла да ги носи е Пепа Прасе или било кој вид на облека на тема ликови и разнобојни работи. Ако некој од семејството или пријателите и купи нешто такво, едноставно не ѝ го облекувам“ - додава.
@lianaolgunxxx Draft xxxx #momsoftiktok #baby #mom #fyp In My Face - Mozzy & 2 Chainz & Saweetie
Лиана проценува дека вкупно потрошила 10.000 фунти (11.300 евра) на неверојатните модни комбинации за Мајла, а редовно ѝ купува модни парчиња кои чинат и по 500 фунти. Вели дека постојано е во потрага за дополнителна колекција за својата ќерка.
„Сите коментираат дека облеката на Мајла е неверојатна и ми велат дека таа е најотменото бебе кое го знаат. Мајла исто така сака да се средува скеој ден и секогаш се гледа во огледало. Имаше неколку луѓе кои ми кажаа дека таа не е кукла, но јас не ги слушам. Таа е моја ќерка и можам да ја облекувам како сакам“ - заклучи младата мајка.
фото: Принтскрин / ТикТок