Македонците доминираат во „Ѕвездите на Гранд“: Марија и Мите ќе се борат за победа во најпопуларното шоу на Балканот
Вчеравечер се одржа полуфиналето од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Град“. 24 кандидати се бореа за своето место во финалето, а само најуспешните 16 кандидати ќе се борат на титулата ѕвезда на „Гранд“.
Помеѓу нив се претставија и претставниците од Македонија, Мите Стоилков и Марија Груевска, кои уште при самото претставуваше директно се пласираа понатаму, без да чекаат до баражот и за нивната судбина да одлучува Саша Поповиќ.
Двајцата се издвоија помеѓу останатите, како по своите гласовни способности, така и по своите настапи, но и изборот на облека.
Стоилков оваа сезона стана позабележителен во последните емисии, кога го промени својот имиџ и доживеа потполна трансформација, додека Груевска ќе остана запаметена по своите ексцентрични настапи, на кои се воодушевуваше дури и пејачката Јелена Карлеуша.
Во продолжение ве потсетуваме на еден од најуспешните настапи на Мите и Марија:
За тоа кои кандидати поминаа во финалето, но и како се претставија нашите претставници, погледнете во видеото во продолжение: