Македонската пејачка објави ретро видео од нејзиниот прв настап: Ќе познаeте ли која е?
Младата пејачка Теа Трајковска знаела уште од мала што сака да биде кога ќе порасне.
Неодамна на нејзиниот профил на Инстаграм објави видео со носталгична содржина и ретро сеќавање.
Станува збор за нејзиното прво јавно појавување уште како малечка на детски фестивал со песната „Дајте раце“.
На видео кое го објави Теа напиша: „Теа знаеше која е од многу рана возраст“.
„Кралица“, „Песнава ми беше на repеаt“, „Што збориш? Пораснав со песнава“, „Леле спомени“, се дел од коментарите под видеото.
Кога ќе ја слушнете песничката сигурно ќе се сетите на неа …
Фото: Инстаграм