Манекенка (23) доживеала пекол по напад од пит бул: Веќе преживеала 7 операции, а еден дел од лицето ѝ е трајно оштетен
После пеколот, сега гордо го покажува својот нов изглед...
Бруклин Коури (23) е инфлуенсерка и манекенка, на која животот ѝ се променил по само неколку секунди откако ја нападнало куче, од расата пит бул.
Откако во 2020 година ја напднало куче останала без горниот дел од устата и дел од носот, а 23-годишната девојка поминала и 7 операции за да го реконструира лицето.
Таа го документирала целото заздравување на социјалните мрежи, и во текот на целиот процес собрала огромна поддршка.
„Толку сум благословена со резултатите“ - сподели неодамна професионалната скејтбордерка Бруклин Коури на социјалните мрежи, а потоа додаде:
„Мојот доктор ја рекреира мојата горна усна во оваа операции за на некој начин мојата уста да изгледа естетски поубаво“.
Според нејзините зборови, докторот е многу внимателен и сака сѐ да направи совршено, а заздравувањето од последната операција би можело да трае и до 6 недели.
Коури откри дека нема да има никакво чувство во горната усна веднаш по зафатот. Може да поминат и четири месеци додека да ѝ се врати. Операциите сега станале дел од нејзиниот живот.
„Моја лична надеж, исто како и секоја операција која ја правам, едноставно е да се научам да го сакам она што го гледам“ - вели таа, додавајќи дека порано се фокусирала само на таквите мали работи кои не биле важни.
Се присетува дека имала акни на горната усна пред да ја нападне кучето и дека тогаш се чувствувала многу несигурно поради тоа, пренесува „Bright Side“.
„А, потоа 15 минути подоцна, ми исчезна целата усна“ - додава.
Покрај сѐ, Бруклин останала позитивна и продолжила со својот пример да ги инспирира другите.
„Отсекогаш сум била самоуверена личност и никогаш не ми било грижа како изгледам. Искрено се сакам себе и начинот на кој изгледам, но општеството не мисли секогаш исто како јас“ - вели девојката, објаснувајќи дека тоа е причината зошто е толку отворена со споделувањето на својата приказна на социјалните мрежи и покрај сите непријатни погледи и критички коментари кои ги добива.
фото: Принтскрин / Инстаграм