Мал херој со големо срце: Никола (6) си ги продава играчките за донации за болни деца
Парите од продажбата
ги става во кутија за, како што вели, сите негови пријатели на кои им е
потребна помош
Родителите на малиот Никола Јовиќ (6) од Сремска Митровица со гордост можат да се пофалат дека го положиле родителскиот испит. За да им помогне на болните деца, ова дете од предучилишна возраст ги продава своите играчки на улица.
Бидејќи денес често можеме да видиме деца кои продаваат пијалаци на улица или рачни изработки за да си обезбедат некој џепарлак, Никола сепак се издвои од своите врсници и одлучи да ги донира своите омилени играчки во хуманитарни цели за да им помогне на другите. .
Со нетрпение ја очекуваше секоја играчка кога ќе ја добие, а сега е среќен кога ќе продаде една од нив за да им помогне на болните деца. Покрај импровизираната тезга од картонски кутии, Никола сака да собере што повеќе пари за болните деца.
- Видов како мајка ми собира пари за болни деца, ми текна да продавам играчки за болни деца - вели Никола Јовиќ и додава дека прави и нараквици за болни деца.
На почетокот продавал играчки пред куќата, а сега е во кафеаната каде работи мајка му.
-Дојде човек кој има дете со посебни потреби. Дојде, го гушна, му донесе слатки, ги стави во кутија, сите не‘ расплака - изјави Јована Јовиќ, мајката на Никола.
Парите од продажбата ги става во кутија за, како што вели, сите негови пријатели на кои им е потребна помош.
- Доаѓаат, некои даваат двесте, некои даваат сто - вели Никола Јовиќ.
Наредната година Никола тргнува во прво одделение. Неговата желба е да биде војник или пилот. За човештвото тој веќе ја доби највисоката оценка.
Фото: RTS видео - Screenshoot
Извор: RTS