Малиот Херкулес на само 8 години беше најнабилданото дете и креваше 40 килограми: Сега има 30 и шокира со својот изглед (ФОТО)

Малиот Херкулес на само 8 години беше најнабилданото дете и креваше 40 килограми: Сега има 30 и шокира со својот изглед (ФОТО)

Многумина се прашуваат како изгледа денес момчето кое на 8 години имаше неверојатни мускули...

Пред неколку години, светот полуде за набилданото момче кое стана познато како Малиот Херкулес. На само 8 години имаше мускули на кои би му подзавиделе и долгогодишните бодибилдери.

Од мали нозе стана апсолутен хит на Интернет поради стомачните мускули на кои му завидуваа и возрасните. Ричард тогаш беше познат како „најсилното дете на светот“, а за него дури во 2004 година беше снимен и документарец. Наводно, како 8-годишно момче кревал 40 килограми, поради што го доби прекарот „Малиот Херкулес“.

Неговите родители набрзо му ангажирале професионален тренер, Френк Џардин, за да ја покрене неговата професионална кариера, по што почнале и спонзорските договори и пари...

„Бидејќи Ричард има многу обожаватели, мораме редовно да споделуваме работи на неговата веб страница, да правиме повеќе фотографии, нови видеа и вести кога ќе се појави или за неговиот нов филм, за да ги возбудиме неговите обожаватели“ - кажа неговата мајка, а потоа додаде:

„Имам многу мејлови во кои прашуваат: „Каде се новите фотографии?“ 

Набрзо е откриено дека неговиот татко Павел е уапсен бидејќи ја претепал неговата мајка Лена, кога Ричард имал 11 години. Започнаа гласините дека таткото го злоставувал и синот, поточно, го терал да стане бодибилдер. Ричард, наводно морал да спие на подот, а татко му му забранувал да си игра со другите деца додека не наполнил 10 години.

Британските медиуми тогаш пренесоа и изјави од поединечни лекари кои се сомневале во можноста дека дете на таа возраст може да се развие како без користење на стероиди. По „светската популарност“ и контроверзиите, Ричард во 2015 година го напушти светот на бодибилдингот. На 23 години посочи дека бил уморен од сето тоа.


И покрај тоа што се повлече од јавноста, и понатаму е во добра форма, а во интервју за „Inside Edition“, кажа: 

„Не, не кревам тегови. Ако ништо друго, стана здодевно. Многу сум горд на своето минато. Тоа не е нешто што не сакам луѓето да го знаат, само нема да останам заглавен во тоа“.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Можеби ќе ве интересира: