Малиот Никола на прво далечно патување: Мими и Филип Нуне го однесоа синот со нив во Австралија
Бендот на браќа Нуне деновиве отпатува за Австралија.
Таму ќе бидат од крајот на февруари и месец март каде ќе настапуваат.
На ова далечно патување, Филип Нуне и Мими Јовановска го земаа и нивниот син, а ова веројатно е прво патување на толкава далечина за малиот Никола.
Преку социјалните мрежи, Мими сподели дека вчера ги полнеле батериите на една од најпознатите плажи во Австралија, Порт Кембла.