Марија Шерифовиќ нападната во Њујорк: Евровизиската победничка во тесно?
Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ изминатиот викенд го прослави својот 36 - ти роденден. За роденденската торта беше задолжена нејзината мајка, која направи вистинско ремек дело за својата ќерка.
Но, она што ги воодушеви нејзините обожавателите, но и помалку загрижи беше видеото кое денес пејачката го сподели на својот Јутјуб канал. Имено, како што веќе знаете Марија влезе во јутјуберските води и постојано споделува нови видеа на својот профил. Последното со наслов „Нападната сум во Њујорк“ на почетокот ги уплаши нејзините обожавателите, но откако го изгледаа сфатија дека не станува збор за нешто сериозно.
Во ова јутјуб видео станува збор за тоа дека рекламите од храна кои се појавуваат насекаде околу неа, ја напаѓаат и ја поттикнуваат да купува само храна. А, како сето тоа го спакува во скоро 10 минути, погледнете во продолжение: