Мартија откри што ѝ недостасува: Можете ли да претпоставите за што станува збор?
Во овие последни денови од зимата и студено време, како и целата ситуација со пандемијата, на секој еден од нас му недостасува по нешто. На некој му недостасуваат пријателите, на друг нормалниот живот, на трет патувањата, а на голем број луѓе им недостасува летото и сончевите денови.
Ништо поразлична не е ниту младата пејачка Мартија Станојковиќ. Иако долго време беше на планина и уживаше во сите благодети на зимата и снегот, сепак откри нешто сосема поразлично од ова.
Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од летото, на која се гледа како ужива на сонце, покрај базен. „Ми треба тен“ - напиша покрај фотографијата и даде до знаење дека ѝ недостасува летото, повеќе од било кога.