Маска од јајце за совршено лице без акни!
Заборавете на црните точки и акните на лицето со една лесна маска, за чија подготовка ви е потребно само едно свежо јајце.
Црни точки - или црнки
Нема човек кој немал црни точки на лицето. Ова е проблем од кој страдаат не само тинејџерите,туку и возрасните. Комедоните (црнките) се концентрирани со појавата по брадата, носот и челото. Насилно одвојување на масен секрет ја стимулира нивната појава. Кога ја отстранувате сами црната точка ќе видите дека излегува близу до неа слуз со многу малку црвено врвче. Многу луѓе прибегнуваат кон тоа сами да се изборат со нив, но овој метод не е препорачлив, бидејќи има опасност да останат видливи лузни.
Зошто акните се со црна боја?
Повеќето луѓе се на мислење дека црната боја на митесери доаѓа од неправилна хигиена, валкано лице. Ова сепак не е точно, бојата им оксидирана од воздухот и материи на клетките на епидермисот.
Акни
Во повеќе случаи акните се најсилно изразени кај тинејџерите, за време на пубертетот. Т.н. младински пупки ги заглавуваат отворите на лојните жлезди и таму се формираат мозолчињата. Пупките имаат гнојни врвови кои веднаш ни претставува искушение да ги отстраниме. Најмногу изразени акни се појавуваат на лицето, но тоа може да се појави и по грбот или градите.
Фактори
Факторите кои влијаат позитивно на развој на акните се зголемен бактериски раст, зголемена секреција, затнати пори или воспаление.
Дејство на домашната маска против митесери и акни
На пазарот постојат илјадници производи кои се продаваат за чистење на митесери и акни. Нивната цена е исто така доста разновидна, но зошто мора да даваме пари, штом едно јајце може да ни заврши многу добра работа. Маската со јајце, која ќе ви јаа понудиме освен што ги отстранува акните и црнките се грижи за хидратација на кожата. Подготовката и е лесно, не бара посебни вештини, обидете се.
Еве го и рецептот за маска со јајце против митсери и акни
Земете свежо пилешко јајце, ако е домашно уште подобро. Скршете го и одвојте ги жолчките и белката. Однапред исчистете го вашето лице и потоа намачкајте го внимателно со белката,внимавајте на очите. Земете салфетка и направете дупки за околу очите и устата. Залепете ја на лицето. Оставете половина час. Одлепете ја салфетката и ја тргнете ја внимателно. Таа се стврнала и тргањето на маската ќе биде лесно. Следува миење на лицето со млака вода, потоа убаво избришете го. Сега ставате и жолчката која ја одвоивте. Оставате ја да дејствува, но овој пат само 10 минути. Повторно измијте го лицето со млака вода и избришете се. Маската со јајце може да ја правите еднаш неделно. Таа не се препорачува на луѓе со силно чувствителна кожа.