Меколи Калкин - од дете актерска ѕвезда, преку зависник, до модел на Гучи

Меколи Калкин - од дете актерска ѕвезда, преку зависник, до модел на Гучи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Меколи Калкин, најпознат по улогата на Кевин Мекалистер во божиќните филмови „Сам дома“, беше прогласен за најуспешен детски актер, а за време на неговиот врв во раните 1990-ти, тој беше една од најплатените ѕвезди во светот. 


Почнал да глуми кога имал само четири години, а бил толку баран што кога заедно со татко му ја одложиле продукцијата на филмот „Добриот син“ за девет месеци, студиото не ни трепнало.

Калкин глумеше и во „Мојата девојка“ (1991), „Оревокршачка“ (1993) и „Ричи Рич“ (1994), по што доброволно се повлече од Холивуд на 14-годишна возраст за да оди во средно училиште.

Сепак, тој беше уапсен во 2004 година за поседување марихуана и две супстанци кои се продаваат без рецепт. Тој беше обвинет за недозволено поседување супстанци и пред судот ја призна вината. Беше ослободен со кауција од 4.000 долари.


Пријателите и обожавателите на Калкин долго време стравуваа за неговиот живот поради проблеми со зависноста, но пред неколку години тој изјави дека е чист долго време и сака да го промени својот живот.

Актерот е во врска со Бренд Сонг од 2017 година, а парот во април оваа година го доби синот Дакота, кој го доби името по покојната сестра на Калкин.


Инаку, Калкин на 18 години се ожени со актерката Ракел Минер, но се разведоа по четири години брак. Тој потоа беше во врска осум години со актерката Мила Кунис, сегашната сопруга на Ештон Качер.

Во последниве години, Калкин истражуваше различни деловни потфати - па дури и повторно се обиде во актерството. Тој, исто така, се занимава со музика и води успешен подкаст.

Неодамна се појави на ревијата на Гучи во Лос Анџелес, а интересна лежерна комбинација на облека, која ја надополни со стилизирани очила, го покажа свежиот изглед на 41-годишниот актер.

На фановите им е мило што Меколи Калкин се врати на вистинскиот пат, а многумина се прашуваат дали за неговиот изглед се заслужни гените или добрите естетски лекари?


Фото: Инстаграм - Меколи Калкин

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: