Мила Царовска: До 10 септември директорите на средните училишта треба да поднесат барање за настава со физичко присуство

Мила Царовска: До 10 септември директорите на средните училишта треба да поднесат барање за настава со физичко присуство

Објавена во: Совети // School zone

Денес министерот за здравство Венко Филипче и новата министерката за образование и наука Мила Царовскаимаа заедничка прес - конференција на која ги соопштија најновите одлуки во врска со старот на новата учебна година.

И двајцата истакнаа дека истата ќе започне на 1 октомври, а министерката Мила посочи дека општините, директорите на училиштата, како и наставниците треба детално да ги разгледаат протоколите за работа.

„Ги повикувам општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат понудите и протоклите и комбинираната настава. Владата формираше комисија која ќе проценува како ќе се одвива наставата- вели Царовска. Наставата со физичко присуство само до 20 деца, со час од 30 мин. Во средно наставата 35 минути. Одморот ќе трае 15 минути, а одмор меѓу часови ќе има од 5 мин.“ - истакна министерката.

Наставата со физичко присуство со сигурност ќе имаат учениците до 3 -то одделение, а за сите останати, вклучувајќи ги и средните училишта, директорите ќе треба сами да достават барање дека нивното училиште има можност да ја одржува наставата со физичко присуство. Барањата треба да бидат доставени до 10 септември, а Државниот просветен испекторат и Државниот здравствен испекторат ќе ги разгледаат истите и ќе одлучат дали училиштето може да обезбеди безбедна настава со физичко присуство.

„И покрај епидемијата, ќе имаме успешна и сигурна учебна година која ќе започне на 1 октомври“ - посочи министерката за образование и наука Мила Царовска.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: