Мили Боби Браун објавува книга: Еве за што пишува во неа и каде може да ја нарачате (ВИДЕО)
Младата актерка заплови во писателските води...
Мили Боби Браун е девојка за која најверојатно ништо на овој свет не е невозможно. Таа е наградувана актерка, основач на козметичка линија и претприемач, а следното нешто во кое се испроба е пишувањето.
Ѕвездата на серијата „Stranger Things“ го напиша својот дебитантски роман под наслов „Nineteen Steps“. Романот е историска фикција, инспирирана од вистински настани и семејната историја на Мили за време на Втората светска војна, особено од преживувањето на нејзината баба Рут. Трогателна приказна за копнежот, загубата и тајните и за тоа колку долго сме подготвени да се бориме за љубовта.
Мили под својата Инстаграм објава напиша дека овој проект е посебен за неа, но и откри дека книгата ќе биде објавена оваа есен, поточно на 12 септември.
Дејството на книгата е сместено во Лондон во 1942 година и ја следи 18-годишната Нели Морис, која живее мирен живот. Нејзиното семејство и пријатели ја задеваат дека ќе се омажи за БИли, момче од соседството кое отсекогаш ја сакало. Но, доаѓањето на Рај, згодниот американски пилот стациониран во близина ќе ја натера Нели да размисли за сè што планирала за нејзината иднина.
Книгата можете однапред да ја нарачате ТУКА.
фото: Принтскрин / Инстаграм