Мит или вистина: Неколку магии кои може да ги направите во вашиот дом!
Треба ли батеријата да ја чивате во фрижидерот? Го проверивме овој и некои слични трикови...
Батериите траат подолго доколку се чуваат во фрижидер – ова е мит! Оваа приказна кружи подолго време, но во неа очигледно нема ни ронка вистина. Всушност многу поизведувачи на батерија особено нагласуваат дека батериите е најдобро да се чуваат на собна температура и на суво место.
Конецот за заби супер ја сече тортата? – вистина. Парчињата торта многу лесно и уредно ќе ги исечеш со конец, отколку со нож. Важно е да се користи конец без вкус на пеперминт за вкусот да не остане на парчето.
Потсетниците можат да ја исчистат тастатурата – со лизгање на потсетниците со лепливата страна кон тастатурата, сите прашинчиња ќе се залепат за неа и ќе имаш релативно чиста тастатура.