Млад македонец светски шампион во кик-бокс: За неполна година освои 12 медали
Виктор Димовски или попознат како Тампес е 13 - годишно момче од Велес. Тој мометално живее и тренира кик - бокс во Франкфурт, Германија.
Иако е се уште млад зад себе има многу големи успеси. На минатогодиното Светско првенство во кик - бокс освои две 3 -ти места, а на Европксото првенство два пати беше 1 - во. Успех забележува и на Интернационалниот турнир, каде освојува прво место и два пати 2 - ро.
Со оглед на тоа што живее во Германија, зад себе ги има учествата во неколку германски првенства и турнири, каде што има освоено неколку пехари и медели.
Оваа година, поточно во октомври, Виктор стана четирикратен светски шампион во две техники („Семи контакт“ и „Лаишконтакт“). 15 дена по овој успех повторно стана светски првак во федерацијата WFMC и освои шампионски појас.
Кога ќе се соберат сите негови признанија, награди, пехари, медали и слично, математиката вели дека тој досега има 8 пехари, 12 медали, 2 појаси и 24 сертификати. Оваа бројка можеби не ви изгледа голема, но фактот дека за неполна една година ги има овоено истите е навистина неверојатен.
Ивана Мисајловска