Многу страда: Хари тешко ја поднесува целата кралска драма
За тоа како се чувствува Хари, проговори неговиот близок пријател.
Сега веќе сите знаат дека Меган Маркл и принцот Хари отстапија од своите кралски функции и дека повеќе не се дел од британското кралско семејство.
Целиот свет го шокираа со оваа одлука, со оглед на тоа дека никој не ја очекуваше. Чарлс, Кејт, Вилијам и Кралицата, сите заедно се многу разочарани и погодени со нивното заминување и преселување во Каната. Но, дали некој ги праша Меган и Хари како се чувствуваат?
За сето ова проговори близок пријател на Хари, Начо Фигуерас, јавува Cosmopolitan. Тој вели дека Меган многу брзо се прилагодила на новиот живот во Канада, но Хари сето ова многу тешко го доживува.
„Разговарав со Хари пред неколку дена. Тој многу страда поради се што му се случи. А, најмногу страда поради тоа што луѓето го осудуваат“ - раскажа Начо за специјалот кој сите го очекуваат, а кој го снимаат на NBC News - „Royal Devide: Harry, Meghan and the Crown“.
„Тој е само татко кој пробува да го заштити своето дето и својата сопруга од се што му се случува. И морам да ви кажам дека навистина стана неверојатен човек. Човек на кој неговата мајка би била многу горда“ - завршува Начо.