Модна агенција побара да ослабнат 36 килограми, лекарите се борат за животот на две руски тинејџерки!

Модна агенција побара да ослабнат 36 килограми, лекарите се борат за животот на две руски тинејџерки!

Објавена во: Мода // Moj стил

Руски лекари се борат за животот на 14-годишните близначки Маша и Даша Лебедови. На барање на позната модна агенција сестрите ослабнале 36 и 40 килограми и паднале во тридневна кома, пишува „Дејли меил“.

Девојките биле итно префрлени на интензивна нега во градската болница во Москва откако во нивното родно место, Липецк, никој не сакал да им помогне.

- Изгледаа како „живи мртовци“. Лежеа во домот и чекаа да умрат. Нивната мајка одеше од врата на врата, но докторите одбиваа да им помогнат се додека за нивниот случај гласно не проговори Марија Кохно, активистка која им помага на лицата со пореметување во исхраната - открива сведок на случајот кој повторно ја разбранува модната индустрија.

Tокму Кохно, и самата поранешна манекенка, на медиумите им откри дека повеќето агенции бараат од девојчињата да бидат „коски и кожа“ како би добиле повеќе шанси за професионални ангажмани. Една од агенциите дури имала подготвено детално мени за нивните клиентки во кое, меѓу другото, пишува дека храната мора да биде приготвувана на пареа и дека е строго забрането истата да се конзумира по 17 часот.

Здравствената состојба на сестрите Лебедови е се’ уште многу лоша. Сепак, лекарите се надеваат дека оваа бизарна сторија ќе има среќен крај.

- Маша веќе може да  стои на нозе, но Даша само лежи и нема сила ниту главата да ја подигне - пишуваат руските медиуми. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: