Модна комбинација без грешка: Копирајте го изгледот на Уна Чолиќ и ќе бидете главна ѕвезда на градските улици (ФОТО)

Модна комбинација без грешка: Копирајте го изгледот на Уна Чолиќ и ќе бидете главна ѕвезда на градските улици (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на Здравко Чолиќ воодушеви со новото тренди издание...

Здравко Чолиќ своевремено бил голем заводник, но и трендсетер. Освојувал со гласот, стасот, манирите, однесувањето и храброста да се впушти во разни модни предизвици, без оглед на хит песната „Пусти, пусти моду“. Неговите ќерки, Уна и Лара дефинитивно го имаат наследено добриот вкус од него.

Постарата, Уна, која има 21 година, не тргна по стапките на својот татко, но стана ѕвезда на социјалните мрежи. Бројот на следбеници на Инстаграм постојано ѝ расте, што значи дека веќе може да ја претставуваме и како инфлуенсерка.

Нејзините обожаватели го следат секој чекор на згодната млада дама, особено кога станува збор за облекувањето, па така во првите денови од пролетта покажа каква комбинација одбрала за сезоната во која влеговме.

Убавата Уна се одлучи за нешто сосема едноставно, но тренди и елегантно - црни панталони и блејзер во праска боја, изработени од лесен материјал. Комбинацијата ја надополни со црна чанта. Совршен избор за прошетка во град, без разлика дали станува збор за денска или вечерна.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: