Модни совети за ниски девојки

Модни совети за ниски девојки

Објавена во: Мода // Moj стил

Ниските девојки обично носат високи потпетици и така надоместуваат неколку сантиметри од висината, за кои мислат дека им недостасуваат. Но, секоја девојка која ќе се облече во склад со својата градба и висина, може да изгледа одлично.

Ако себеси се сметаш за ниска девојка, а би сакала да си повисока, ти претставуваме неколку модни трикови со кои ќе успееш да „добиеш во висина“.

Вертикални пруги

За овој трик можеби веќе си чула од девојките што имаат вишок килограми, па поради тоа носат фустани и маици со вертикални пруги. Причината е едноставна! Вертикалните пруги те издолжуваат и прават да изгледаш повисоко, па со самото тоа и послабо.

Висок струк

Веќе неколку сезони многу се популарни и модерни фармерките висок струк. Ваквите фармерки и пантолони има во гардероберот на секоја модерна девојка.Т окму оваа мода тебе ти оди во прилог, ако сакаш да изгледаш повисока.

Само кратко

Ти во секоја прилика можеш да носиш мини здолништа и фустани, а тоа е нешто на што може да ти позавиди секоја девојка, која од какви било причини, што не се во врска со висината, не може да ги носи. Кусото здолниште ги издолжува нозете, така што тоа секогаш е добар избор за тебе.

Шпиц врв на чевлите

Ако досега си носела високи потпетици, иако нозете ужасно те болеле само за да изгледаш повисоко, имаме за тебе одлична вест. Можеш да носиш рамни чевли, а да изгледаш повисоко! Трикот е во шпиц врвот, кој визуелно ја издолжува секоја фигура.

Чизми до глуждови

Ова е една работа која е многу модерна во последно време и во твоето шкафче со чевли би требало да биде must have. Високите чизми до колена не се за тебе бидејќи во нив ќе изгледаш уште пониска, популарните чизми до глужд ќе ти ги издолжат нозете. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: