Модно парче кое никогаш не излегува од мода: Како да одберете совршени фармерки?
Фармерките се неминовен дел од плакорот на секоја девојка. Тие се удобни, одлични за секој настан и многу е лесно да се комбинираат со сите стилови. Но, пред да тргнеш во шопинг, ти даваме неколку совети кои ќе ти помогнат полесно да го одбереш совршениот модел.
# Ако премногу лесно ги облекувате фармерките кога ги купувате, задолжително барајте помало бројче.
# Местото за каиш треба да ви биде точно. Доколку собира два прста тогаш е во ред, но доколку ви влегува цела рака околу половината, ви треба друг модел или друга големина.
# Обликот и позицијата на задникот многу зависи од позицијата на џебовите, па затоа добро погледнете во огледало.
# Пред да ги купите задолжително погледнете ја декларацијата на фармерките, бидејќи фармерките со мал процент на еластин се поудобни и подобро стојат. Доколку процентот е поголем од 5%, тогаш тој ќе го промени својот облик.
# Пред да ги скратите фармерките, задолжително исперете ги, бидејќи по првото перење се собираат за 2 до 4%.
# Немојте да ги сушите во машина за сушење алишта или на радијатор, туку само природно, на воздух. Тексасот не сака топлина, а ни пеглање.
# Фармерките секогаш перете ги од обратната страна, бидејќи често пуштаат боја, особено кога се нови.