Моите другарки имаа циклус пред мене: Кога првпат добив менструација со Лина Пејовска
Менструацијата како табу тема, полека заминува во заборавот. За своето менструално искуство проговори и младата пејачка надеж Лина Пејовска. Таа даде и неколку совети кои сигурно ќе ти помогнат да ги пребродиш тешките деновите за време на менструацијата.
# Kога прв пат доби менструација?
Менструација прв пат добив на 13 години.
# Како го доживеа моментот на првото добивање, на кого прво му се обрати, што ти се смени по тој момент…
Морам да бидам искрена дека многу се израдував, затоа што моите другарки веќе имаа добиено пред мене и веќе се ми беше јасно. Најпрво и се обратив на мајка ми и нормално си се посмеавме, си поразговаравме околу тоа и веќе се беше полесно. Инаку не се смени ништо посебно, бев доволно подготвена и затоа го доживеав како нешто што треба да се случи.
# Од кого добиваше најмногу совети за менструацијата?
Па генерално сите совети ми ги даде мајка ми, а се друго што дополнително ме интересираше читав на интернет.
# Што е важно да знаат младите девојки за менструацијата, твои трик совети како се соочуваш со ПМС?
Совет до младите девојчиња: да не се плашат од чинот добивање на менструацијата, тоа не е штетно на здравјето туку нормален процес кој што треба да се случи. Да се информираат и да не се споредуваат со другите. Сите ние тоа различно го доживуваме.