Мојот сон беше да победам: 15 годишната Гауф ја симна од тронот Венус Вилијамс!

Мојот сон беше да победам: 15 годишната Гауф ја симна од тронот Венус Вилијамс!

На првиот ден од Вимблдон шампионатот, најголемо шоу и изненадување беше елиминацијата на 39 годишната Венус Вилијамс. Интересно е што Венус беше совладата од младата Американка Кори Гауф, на која познатата тенисерка и била идол.

Откако стна најмладата кваификатка во историјата на ова натпреварување, тинејџерката изјави дека многу сака еден ден да игра со една од сестрите Вилијамс. Дека соништата се остваруваат беше доказ и моментот што уште во првото коло Гауф играше против Венус.

„Искрено не знам што да чувствувам. Ова е првпат да плачам откако сум победила на еден тениски меч. Морав да се смирам, бидејќи никогаш не сум играла на толку голем терен и морав да се потсетувам каде се линиите. Венус ми честиташе и ми посака среќа, а јас само се заблагодарив за инспирацијата. Немаше да бидам тука да не беше Венус, и таа секогаш ми била инспирација. Моите родители беа покрај теренот и татко ми скокаше на секој поен“, изјави тинејџерката.


Можеби ќе ве интересира: