Моќно видео на Били Ајлиш: Зошто поради физички изглед ги осудуваме другите, но и себе?
Били Ајлиш, една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, често ги користи социјалните мрежи и фактот дека многу влијае помеѓу младата популација, за отворено за зборува за перцепцијата кон сопственото тело и колку лоша перцепција може да биде токсичка и разочарувачка за здравјето на младите луѓе.
Во минатогодишната реклама за Келвин Клајн, Били се појавува во тоалет, облечена во препознатливата широка облека, велејќи дека отсекогаш носи таква облека, бидејќи не сака луѓето да ја оценуваат на сметка на нејзиниот физички изглед, пишува BuzzFeed.
„Никогаш не сакав светот да знаеш сѐ за мене. И тоа е причината зошто секогаш носам широка облека. Никој не може да има мислење за моето тело, бидејќи никој никогаш не ни видел што се крие под мојата облека“ - рече Били.
За проблемите со прифаќањето на сопственото тели искрено зборуваше и во едно неодамнешно интервју за магазинот Vogue, велејќи:
„Едноставно го мразев своето тело и бев подготвена да направам сѐ за да станам некој друг. Некогаш силно сакав да бидам модел, но едноставно бев прениска за тоа, барем така ми велеа.“
За да испрати порака на младите за тоа дека не е во ред да се осудуваат другите и да се изнесуваат мислења на сметка на нечиј физички изглед, започнувајќи ја својата музичка турнеја во март, Били сними видео кое и го претстави на публиката пред изведувањето на песната „good girls go to hell“. Видеото е прилично мрачно и ја прикажува Били како лесно ја соблекува облеката и кажува реченици како: „Иако никогаш не сте го виделе моето тели и понатаму го осудувате. И ме осудувате мене. Зошто?“.
Со ова видео младата музичарка испрати силна порака и секако би требало да се запрашаме зошто физичкиот изглед ни стана толку важен и зошто низ него ги осудуваме не само другите, туку и себе?
Billie shows off her body during powerful interlude on the “WHERE DO WE GO? WORLD TOUR” (1/2) pic.twitter.com/4jKl4LXTcF
— Billie Eilish Updates (@eilishupdates) March 10, 2020