Моќно збогум: Кирил Лазаров со круна на главата и со сопругата и децата покрај него, испратен во пензија
Ракометната македонска легенда и играч на францускиот клуб Нант, нашиот Кирил Лазаров вчеравечер беше испратен со сите почести, како крал, во играчка пензија.
Лазаров вчера го одигра претпоследниот натпревар, а последен пред фановите на Нант, додека последниот натпревар во кариерата на Лазаров ќе биде викендов на финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант.
Спектакуларното шоу што му го приреди клубот Нант синоќа, е дефинитивно едно незаборавно испраќање на Кралот на ракометот и баш онакво какво што тој заслужува.
Го седнаа на престол, му ставија круна на главата и му оддадоа неизмерна почит за се' што направил за Нант.
Со сопругата Љубица и двете деца, Лазаров уживаше во стоечките овации.
фото: Принтскрин / Инстаграм