Момче на урнебесен начин му го раскажало тешкиот ден на татко му: Дали мајката е добро? (ВИДЕО)

Момче на урнебесен начин му го раскажало тешкиот ден на татко му: Дали мајката е добро? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Мало момче имало прилично лош ден, но судејќи по неговите зборови, на мајката и таткото бил уште полош.

Неговата мајка Алиса Ленз го објавила видеото во кое нејзиниот сопруг зборувал со синот за настаните кои го одбележале неговиот ден. Таткото на својот син му поставил низа прашања.

@alissaaml

##foryou ##fyp ##toddlersoftiktok ##momsoftiktok

original sound - Alissa Lenz

Татко: „Дали имаше добар или лош ден?“

Син: „Лош ден.“

Татко: „Имаше лош ден?“

Син: „Да.“

Татко: „Дали се искака во гаќи?“

Син: „Да.“

Татко: „Дали се искака во када?“

Син: „Да.“

Татко: „Дали се измочка во гаќи?“

Син:  „Да.“

Татко: „Дали ја удри мама?“

Син: „Да.“

Татко: „Дали беше на time-out?“

Син: „Да.“

Татко: „Ова беше тежок ден, ха?“

Син: „Тежок ден.“

Ова видео собра 4.3 милиони прегледи на ТикТок, а луѓето во коментарите најмногу покажаа загриженост за мајката на момчето.

„Мајката имала тежок ден“, „Дали мајката е добро? Може ли некој да ја пронајде мајката?“, „На мајката ѝ треба пијалок“, „Мајката најверојатно плаче во тоалетот“, „Каде е мајката? Дали е добро? Каде може да ѝ испратиме вино?“ - се редеа коментарите.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: