Момчето ја остави поради дебелината: На црвениот килим се појави во градник, гордо покажувајќи го секој сантиметар од телото (ФОТО)
Камила Кабелјо гордо позираше облечена само во градник украсен со цвеќиња, за кој биле потребни 40 часа напорна работа за да се изработи...
Кога е во прашање изборот на облека за доделувањето на Греми наградите, правилото гласи: „Колку почудно, толку подобро“. Овој тренд го следеше и пејачката Камила Кабелјо која на црвениот килим се прошета облечена во црно тесно здолниште со висок струк, додека нагоре носеше само градник украсен со цвеќиња и накит.
Дизајнерката Патриша Боналди откри дека изработката на овој градник траела околу 40 часа, и дека на сите целта им било оваа уметност да ја пренесе токму младата и харизматична Камила Кабелјо.
Инаку, Камила големо внимание привлече со хитот „Сењорита“, на кој соработуваше со пејачот Шон Мендес. Двојката стана неразделна, додека папариците ги следеа во чекор.
Се зборуваше дека Камила била многу заљубена, но дека Шон ја оставил во оној момент кога почнала да качува килограми. Бидејќи пејачката не сакала да ослабне, Шон одлучил да раскинат.
Дури ниту по една година од разделбата, изгледа дека Камила се нема опоравено од загубата на големата љубов.
фото: Принтскрин / Инстаграм