Момците од БТС си ја отворија душата: Ни треба повеќе сон, а не девојки
Момците од БТС дадоа големо интервју за магазин Esquire, каде што во потполност си ја отворија душата. Тие овие денови го промовираат својот нов албум, но имаа можност и да одговараат на прашања кои се поврзани со нивните приватни животи. Секако, тука е вклучена и љубовта!
РМ зборуваше за љубовта кон обожавателите, бидејќи смета дека БТС и ARMY се нераскинлива целина: „Ние едни со други си ги полниме батериите. Кога ние се чувствуваме исцрпено, слушаме вести ширум светот за донации и други работи, па тука ни се јавува чувството за одговорност. Сите потоа се чувствуваме прекрасно. Нивното однесување влијае на нас да бидеме подобри луѓе, тоа доаѓа пред музиката и сѐ останато.“
Кога станува збор за љубовниот живот, Џунгкук инсистира на тоа дека членовите од бендот не се заинтересирани за врски: „За нас во овој момент најважно е да успееме да се наспиеме“, вели тој, а РМ додава: „Нашиот љубовен живот трае 24 часа дневно, седум дена во неделата и е поврзан ширум светот со ARMY!“
Кога станува збор за работата, БТС не кријат дека многу би сакале да освојат некоја Греми награда, а пред сѐ да бидат номинирани. Тие не се лажно скромни, па велат дека се надеваат дека ќе им пристигнат добри вести. „Мисалм дека Греми е последниот дел, како финале на целото американско патување. Така што, ќе видиме“ - вели РМ.